Трамп ѝ порача на Франција: Затворете ги границите пред да биде предоцна!

Трамп ѝ порача на Франција: Затворете ги границите пред да биде предоцна!

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Франција е погодена од последиците на имиграцијата и ги повика француските власти да ги затворат границите и да ја преземат контролата врз ситуацијата, предупредувајќи дека во спротивно може да биде предоцна. „Франција гори! Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во срцата, ја уништи оваа некогаш голема земја.

Затворете ги границите и преземете контрола, пред да биде предоцна!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Насилството избувна низ цела Франција во саботата во најновиот бран демонстрации против лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот. Француската влада соопшти дека имало „ескалација на насилството“ со околу 550.000 луѓе кои излегле на улиците на француските градови.

Францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј изјави дека 1.200 демонстранти се уапсени, а околу 150 полицајци се повредени во немирите низ цела Франција.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button